Јелена Ѓоковиќ отсекогаш се занимавала со спорт, а од студентските денови станала голем поборник за здрав живот и редовна физичка активност. Се повеќе се заинтересирала за здрава исхрана, станала веган, не консумира месо, а внимателно ги избира намирниците што ќе ги внесе во својот организам. Благодарение на ваквиот начин на живот, по две раѓања и на прагот од четириесет години, таа се уште изгледа фантастично .
Неодамна на своите следбеници на социјалните мрежи им откри дека не консумира кафе и алкохол, што изненади многумина, а ја прашаа како успева да ја задржи концентрацијата и да остане будна.
„Не користам кофеин во ниедна форма. Ниту во зелениот чај. Можеби кафето не е порок за повеќето луѓе, но за мене порок е се што може да предизвика зависност кај мене од која не би можелa да се ослободам. Никогаш не ми се допадна помислата дека ќе ја изгубам контролата над моето тело. Ако не користам кофеин, за да се опуштам, да го задржам фокусот и да останам будна, која е алтернативата? Истражував и добив многу добри идеи и предлози. Најдов цел да го променам начинот на кој размислувам за храната, вежбањето, здравјето воопшто. Сè имаше повеќе смисла кога вложив повеќе време за подобро да го разберам“, откри Јелена.
„Кога бев помладa пробав кафе и не ми се допаѓаше. Всушност, повраќав цела ноќ после тоа. Пробав и цигара и повраќав цела ноќ. Пробав и алкохол, три дена повраќав и ослабев четири килограми за тоа време. Се обидов барем неколку пати“, искрена беше Јелена.
Наместо со кафе, Јелена претпочита да го започне денот со цеден сок или некој билен чај кој не содржи кофеин.