ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ ЈА РАСПАМЕТИ ЈАВНОСТА СО ВИДЕОТО: Се огласи по победата на Новак – овие зборови допрва ќе се цитираат!
Видео кое целосно го отсликува шампионскиот менталитет на Новак.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои рекордниот 7. трофеј на Завршниот турнир, а историското достигнување го прослави со своите најблиски.
Стефан и Тара му одлетаа во прегратка по победата над Јаник Синер , но неговата сопруга Јелена не можеше да го придружува на финалето на турнирот во Торино.
Секако, таа секојдневно му испраќаше поддршка и позитивна енергија, а веднаш по натпреварот објави моќна порака.
Таа објави видео во кое Новак зборува за своите цели и достигнувања.
– Не знам што е реално и не знам која е границата. Не ги знам границите и затоа верувам дека некако успеав да ги достигнам највисоките врвови и достигнувања во историјата на тенисот. Исклучително сум мотивиран да продолжам – изјави еднаш Ѓоковиќ.