Американската секретарка за финансии Џенет Јелен следната недела ќе учествува на состаноците во Сао Паоло, Бразил со претставниците на Г20, а потоа ќе отпатува во Сантијаго, Чиле на билатерални ангажмани, соопшти Министерството за финансии.
Јелен во Бразил ќе ја повтори решителната поддршка на САД за Украина, соопшти Министерството за финансии.
Состаноците на Г20 ќе уследат неколку дена по втората годишнина од руската инвазија врз Украина, а американската помош за Украина од 61 милијарда долари е не може да биде одобрена поради отпорот на Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците.