Соединетите Американски Држави и Велика Британија извршија напади врз позициите на Хутите во Јемен ноќта меѓу четвртокот и петокот.
Почетокот на операцијата го потврдија американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак, кои рекоа дека оваа операција е одговор на бројните напади на Хутите врз трговските бродови во Црвеното Море.
На социјалните мрежи кружат видеа, чија автентичност не може да се потврди, на кои се гледаат експлозии по воздушни и морски напади.
Хутите во текот на вечерта објавија дека извршиле напади врз Ходеида и Сана. Сана е главен и најголем град на Јемен, додека Ходеида е дом на главното пристаниште на Црвеното Море.