Во моментот кога британски авион Тајфун погодува цел на Хутите во Јемен – следува огромна експлозија

САД и Велика Британија во петокот наутро извршија серија напади врз групата Хути во Јемен.

Нивните напади доаѓаат како одговор на нападите извршени од групата Хути врз американски бродови во Црвеното Море, пренесува Телеграф.

Сега, снимката објавена од британското Министерство за одбрана го покажува моментот кога британскиот авион Тајфун погодува цел во Јемен.

Во целната точка на британскиот авион се гледа зграда, пред да се случи голема експлозија.

Ова беше една од двете области погодени од ОК, според Министерството.

„Тајфунот леташе со брзина од 965 километри на час до 1.287 километри на час, а сепак таа слика е речиси апсолутно статична“, рече одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.