СДСМ ја почна процедурата за избор на претседателски кандидат

СДСМ ја почна процедурата за избор на кандидат за претседател на државата.

Продолжуваат номинациите за потенцијални државни кандидати во локалните совети на ограноците на СДСМ.

„Им даваме можности на самокандидати и личности кои не се од СДСМ, а споделуваат социјалдемократски вредности. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат критериумите да се појават“, велат од СДСМ.

Инаку, изборите ќе се одржат на 8 мај, додека парламентарните ќе се одржат заедно со претседателските.