Јеронимос ќе излезе со став за истополовите бракови во Грција, откако ќе биде објавен предлог-законот
За предлог-законот за истополовите бракови во Грција, поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос вели дека прво потребно е да ја види содржината на законот, а потоа да излезе со став, јави дописничката на МИА од Атина.
Архиепископот Јеронимос утрово се сретна со лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, што воедно беше и нивна прва средба, а и двајцата рекоа дека била средба за запознавање на која размениле мислења за различни теми.
-Во однос на прашањето за кое некои сакаат одговор во врска со бракот на хомосексуалците, го задржувам правото да кажам дека сум воздржан, но и господинот Каселакис и јас рековме дека потребно е да го видиме законот, да имаме некој текст за проучување. а потоа да ќе видиме, рече Јеронимос по средбата.
Истополовите бракови во изминатиот период се главна тема во Грција, откако грчкиот премиер најава дека ќе биде донесен предлог-закон, кој веќе предизвикува реакции кај пратеници од владејачката партија, додека пак од СИРИЗА најавија дека ќе го поддржат.