Популарната водителка и заштитно лице на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ предизвикува реакции и го привлекува вниманието на јавноста со речиси секоја нејзина постапка. Јована синоќа се појави на настан во Белград, а од нејзиниот изглед никој не можеше да заклучи дека денеска ќе заврши на операционата маса.
Снимката која се појави на социјалните мрежи загрижи многу од обожавателите на водителката.
На сликите можете да видите како докторот ја оперира водителката. Таа прокоментирала дека нејзината „мистерија“ е конечно решена и дека конечно е задоволна, а потоа се пошегувала на своја сметка.
– Ги отстрануваме доказите дека јас сум ѓаволот – напиша на шега Јована.
Јовани мораше „да работи на глава“, а водителката не го крие задоволството по операцијата и отстранувањето од операционата маса.
Да потсетиме, Јована Јеремиќ пред три години имаше операција на масното ткиво поради која извесен период мораше да се повлече од работа, а според сликите и денешната операција ја направи истиот лекар.
– Што останува во главата кога сето ова излезе од неа?! Отстранивме седум парчиња произлезени од новинарски стрес. Докторот е гениј. Храбара сум во животот за сè, но од инјекција најмногу се плашам. Со докторот ги надминав сите стравови – изјави тогаш Јована.