Јованка Тренчевска: “Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот“
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на Фондацијата „Лоза“ и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза“.
На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка со Фондацијата.
На министерката и беше презентиран план за донација од фондацијата „Лоза“ од три сензорни соби, наменети за потребите на корисниците кои се сместени во Специјалниот завод Демир Капија.
Министерката на крајот од средбата се заблагодари за поддршката, разменетите идеи и искуства. Таа истакна дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост. Јованка Тренчевска посочи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.