Јовески упати сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска упати писмо сочувство до генералниот обвинител при турскиот Врховен апелациски суд Бекир Шахин, поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.

– Во овие тешки моменти, нашите мисли се со вас и со братскиот турски народ, напиша Јовески во писмото, изразувајќи сочувство за семејствата и блиските на загинатите и упатувајќи желби за побрзо закрепнување на повредените, соопшти ЈОРСМ.