Веројатно очекувана одлука.
Никола Јокиќ во текот на целата своја НБА кариера играше во патики Најк, но на тоа му дојде крајот.
Во судирот со Торонто Репторс, српскиот центар носел нови патики од кинеската марка 361, со кои потпишал повеќегодишен договор, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.
OFFICIAL: Reigning Finals MVP Nikola Jokic has signed a multi-year signature shoe deal with 361. 📄✍️
— Nick DePaula (@NickDePaula) December 21, 2023
The Joker will become a leading global face of the Chinese brand. pic.twitter.com/bCWHwoxZ97
Инаку, Јокиќ не е првата НБА ѕвезда која го напушта Најк. Пред него тоа го направија двајцата поранешни МВП-и Стеф Кари и Џејмс Харден.
Се очекува Србинот да добие и своја линија на патики, кои се претпоставува дека ќе го носат името Џокер, за да им се спротивстави на Џорданците.