Јокиќ го крена цел Колорадо на нозе! Стотици илјади луѓе се собраа за него: Прослава за која долго ќе се раскажува (ВИДЕО)

Не престанува еуфоријата во Колорадо откако Денвер ја освои титулата во НБА.

Навивачите се во делириум, а стотици илјади од нив излегуваат на улиците да го поздрават Никола Јокиќ и неговите соиграчи на славеничката парада.

Така, неколку часа пред почетокот на парадата, најголем број луѓе се собраа во паркот Граѓански центар, трпеливо чекајќи ги своите шампиони.

Да потсетиме, кошаркарите на Денвер за првпат во својата историја ја освоија шампионската титула во НБА.