Спасена жена под урнатините по руското гранатирање на Украина

– Припадниците на украинската полиција вчера извлекоа преживеана жена под урнатините на зграда во Краматорск, срушена во руското бомбардирање.

Руските сили со проектили го гранатираа Краматорск и Костјантињивка во областа Доњецк, а во нападите животот го загубија 3 цивили. Во бомбардирањето се повредени 3 лица, објави новинската агенција „Укринформ“.

Шефот на Регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко, на социјалната мрежа Телеграм објави дека руските сили ги бомбардирале споменатите градови во 5 часот наутро.

„Две лица се убиени и две се ранети во Краматорск. Едно лице загина и уште едно е рането во Костјантињивка“, објави Кириленко.

Тој информираше дека руските ракети погодиле цивилен дел од градот, предизвикувајќи значителна штета. Пет приватни куќи се уништени, а дваесетина се оштетени во градот Краматорск. Во Костјантињивка се уништени два објекти, а уште 55 се оштетени.

Кириленко додаде дека во нападите се оштетени доводот за гас и електричната инсталација.