Гир: Политичките партии треба да понудат јасни избори на електоратот, да спречат поларизација и дезинформации

„Наративот е да има демократски избори во Македонија. Изминатиот изборен рекорд е многу успешен и се надеваме дека различните политички партии и различните кандидати ќе му понудат јасен избор на електоратот. Апсолутно мораме да престанеме со таа поларизација и дезинформации и да работиме на мирни, кооперативни изборни процеси кои ќе бидат успешна приказна без разлика кој ќе победи на изборите.“

Ова го рече европскиот амбасадор во Македонија, Дејвид Гир, на настанот организиран од Европското движење, на кој приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ ги презентираше амбасадорот на Белгија во Македонија, со седиште во Софија, Фредерик Мерис. .

Гир истакна дека многу од приоритетите на белгиското претседателство се многу важни и во Македонија, како што се начинот на кој се справуваме со зелената транзиција, владеењето на правото, социјалната транзиција.

„Изборите ќе доведат до формирање на нова влада и таа ќе мора да се соочи со сите овие приоритети и предизвици. Граѓаните ќе очекуваат резултати во борбата против корупцијата, владеење на правото, реформите во јавната администрација треба да бидат главниот проблем на секоја влада што ќе дојде. Имаме неколку насоки за реформи во правосудството, реформи во јавната и државната администрација, имаме извештај од скринингот, каде што беа откриени различни проблеми, како и евалуациска мисија од ЕК. Сето тоа се очекувања кои треба да се однесат напред“, нагласи Гир.

Евроамбасадорот повторно нагласи дека е апсолутно неопходно земјата да се фокусира на реформите.

Тој нагласи дека секое одложување на патот на Македонија кон европската интеграција има последици за земјата и регионот, а особено се загрозени досегашните достигнувања на земјата, во кои има инвестирано меѓународната заедница.