Јокиќ не сакаше да зборува за Милојевиќ, па даде чудна изјава: „Го сакам, но нема да правам циркус од тоа“
Екипата на Денвер Нагетс славеше против Индијана на гостински терен, каде како и обично главната улога ја имаше Никола Јокиќ. Србинот постигна 31 поен, а за 37 минути на паркетот направи 13 скока и 10 асистенции.
Меѓу другото, Никола Јокиќ погоди решавачка тројка, додека по мечот имаше малку чудна изјава. Никола Јокиќ беше прашан веднаш по натпреварот за Дејан Милојевиќ , српскиот тренер кој неодамна почина на 46-годишна возраст.
Сепак, Јокиќ не сакаше ниту да зборува за него.
– Го сакам – кратко рече Јокиќ, а потоа додаде:
– Моето семејство е во шок. Го сакам целото негово семејство – изјави Јокиќ.
Новинарот само го праша зошто не сака да разговара, а Јокиќ го пресече со уште еден коментар.
– Не сакам да правам циркус од тоа.