Јокиќ се замисли па ,,мртов ладен” ја насмеа цела Америка! Одговорот на Србинот на ова новинарско прашање стана хит (ВИДЕО)

НБА шампионот и МВП на финалето, Никола Јокиќ, пред неколку дена пристигна во САД каде се подготвува за следната сезона.

Денвер го победи Мајами во пет натпревари во финалето на НБА, а српскиот центар беше прогласен за најкорисен кошаркар во финалната серија.

Следуваше одмор, прилично долг. Јокиќ одлучи да не игра за Србија на Мундијалот и да го поминува времето со семејството, за да се подготви за предизвикувачката сезона што му претстои.

За време на „медиумскиот ден“ на Јокиќ му беше поставено прашање, а тој со својот одговор ја воодушеви Америка. Навивачите се навикнати тој секогаш да е ладен во разговорите со новинарите, така беше и сега.

На прашањето да издвои една работа што му се променила во животот сега откако е шампион во НБА, Јокиќ прво размисли неколку секунди, а потоа рече:

Ништо… апсолутно ништо.

Краткото видео брзо стана популарно на социјалните мрежи, а како и секогаш имаше многу коментари од НБА фановите.