Јокиќ со тројка од пола терен во последната секунда му донесе победа на Денвер: Фантастичен натпревар на Никола, покажа кој е главен на теренот (видео)

Со нереалната тројка на Никола Јокиќ во последната секунда од натпреварот, Денвер Нагетс на гостински терен ги совлада Голден Стејт Вориорс со резултат 130:127.

Популарниот „Џокер“ натпреварот го заврши со 34 поени, 10 асистенции и девет скока.

Во самиот финиш на мечот, Денвер заостананувааше, а потоа Јокиќ ги презеде работите во свои раце. Најпрвин погоди за израмнување на 26 секунди до крајот на мечот (127:127), а во последниот напад од преку 10 метри од исклучително тешка позиција „испука“ тројка и погоди за победа на својот тим!