Јорданската армија собори уште еден дрон од Сирија

– Армијата на Јордан соопшти дека денеска соборила беспилотно летало, кое носеше оружје од Сирија. Тоа е втор таков инцидент оваа недела.

Во соопштението објавено од државната новинска агенција Петра се наведува дека дронот бил соборен на територијата на Јордан и било откриено дека носел оружје. Повеќе детали не се објавени за случајот.

Јорданската армија на 13 јуни соопшти дека соборила беспилотно летало од Сирија што пренесувало дрога.

Јордан ги обвини проиранските милиции, за кои тврди дека се заштитени од единиците на сириската армија, за шверц на дрога преку границите на земјата до пазарите во Персискиот Залив.

Сириските власти тврдат дека прават се за да се спречи шверцот и негираат соучесништвото на нејзината армија и безбедносните сили во незаконските акции на милициите поддржани од Иран.