Санкционирани 180 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

 На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 180 мерки, меѓу кои 37 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР со апел граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поолема безбедноста во сообраќајот.