Јорданскиот крал Абдула денеска изјави дека решението за две држави ќе обезбеди безбедност, мир и стабилност во регионот.
– Нашиот регион нема да ужива безбедност и стабилност без постигнување праведен и сеопфатен мир заснован на решение за две држави, рече кралот Абдула во говорот пред јорданскиот Парламент.
Решението за две држави е децениски план за формирање палестинска држава, веднаш до Израел.
– Опасната ескалација и насилството и агресијата што во моментов се случуваат на палестинските територии се доказ кој уште еднаш потврдува дека нашиот регион никогаш нема да биде безбеден ниту стабилен без постигнување праведен и сеопфатен мир врз основа на решението за две држави, каде што палестинскиот народ ќе ја добие својата независна и суверена држава на линиите од 4 јуни 1967 година, со источен Ерусалим како главен град и на тој начин да завршат циклусите на убиства, каде што крајните жртви се невините цивили, рече кралот Абдула.
– Нашиот компас секогаш ќе покажува кон Палестина, со Ерусалим во неговото срце, додаде тој.