ЈОРДАН МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ СО ВОЈНА – Ова се “црвените линии“ кои ги објави премиерот на државата
Според премиерот Бишер ал Касауни, Јордан ќе го смета обидот за раселување на Палестинците од Појасот Газа или Западниот Брег како објава на војна.
Бишер ал Касауни предупредува дека секој обид за дислоцирање на Палестинците од Појасот Газа или Западниот Брег ќе биде „црвена линија“ и дека Јордан ќе го смета за објава на војна.
„Нема да има раселување, нема нова Накба, ако даде Господ, нема преселување, нема алтернативна татковина“, вели премиерот на Јордан.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, да потсетиме, неодамна изјави дека израелските планови објавени во медиумите за можно преселување на Палестинците од Појасот Газа во Египет и Канада може само да го комплицираат решавањето на палестинско-израелскиот конфликт.
Сергеј Лавров додаде дека Москва е многу претпазлива од плановите на Израел да ги уништи изгледите за создавање на палестинска држава и да ги осуди Палестинците на вечно постоење без права.
Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси, неодамна изјави дека Египет ја отфрлил идејата за преселување на Палестинците од Појасот Газа на Синајскиот Полуостров. Абдел Фатах ел-Сиси истакна дека секој обид за раселување на Палестинците ја прави идејата за создавање палестинска држава нереална.