ЈОСТ КЛАЈН ФИЗИЧКИ НЕ ЈА НАПАДНАЛ КАМЕРМАНКАТА“ Се огласила ХОЛАНДСКАТА ЈАВНА СЛУЖБА по дисквалификацијата на нивниот претставник
Холандскиот јавен сервис АВРОТРОС објави пошироко соопштение во врска со дисквалификацијата на својот претставник на Евровизија, Јост Клајн .
„Инцидентот се случи по настапот во четвртокот. И покрај јасните и претходни договори, Јост беше снимен веднаш по излегувањето од сцената и мораше да оди во зелената соба. Во тој момент Јост неколку пати повтори дека не сака да го снимаат. Не беше испочитуван, што доведе до заканувачки гестови на Јост кон камерата.
Додаваат дека вчера и денеска се консултирале со ЕБУ и понудиле повеќе решенија.
„И покрај ова, ЕБУ сепак одлучи да го дисквалификува Јост Клајн . АВРОТРОС смета дека казната е сурова и непропорционална. Ние се залагаме за добри манири и не мислиме дека има некакво недоразбирање, но, од наша гледна точка, наредбата за исклучување е несразмерно на инцидентот што се случи“, посочуваат од АВРОТРОС.
„Многу сме разочарани и вознемирени поради милионите фанови кои беа возбудени поради вечерашната програма. Она што го донесе Јост во Холандија и Европа не требаше вака да заврши“, заклучува холандскиот јавен сервис во соопштението.
Да потсетиме, за прв пат во повеќедецениската историја на Евровизија, натпреварувач беше дисквалификуван за време на натпреварот. Претставникот на Холандија, Јост Клајн, нема да настапи во финалето на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Од ЕБУ велат дека се придржуваат до политиката на нулта толеранција кон несоодветното однесување на нашиот настан и се посветени на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за сите учесници на натпреварот