ЈП Градски паркинг- Скопје од утре со летно сметање за зонско – паркирање

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

Исто така, им апелираме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време

Со почит,

ЈП „Градски паркинг“- Скопје