Дејан Кулушевски и дефинитивно ќе го носи дресот на Тотенхем во наредните неколку сезони, откако се стави крај на дилемите за неговата фудбалска иднина.
Фудбалерот со македонско потекло имаше доста нејаснотии за својата судбина на крајот од сезоната и самиот призна дека не знае дали ќе остане во Северен Лондон, но на крајот газдата Даниел Леви сепак ја активираше клаузулата која ја имаше договорено со Јувентус.
Официјална потврда за оваа вест пристигна од двата клуба, со тоа што Јувентус откри и детали за сумата и начинот на кој таа ќе биде исплатена во период од шест години.
– Фудбалскиот клуб Јувентус објавува дека Тотенхем го искористи правото и опцијата за перманетно стекнување со правата на играчот Дејан Кулушевски за сума од 30 милиони евра.
– Оваа сума ќе биде исплатена во шест финансиски години. Оваа операција за клубот генерирал позитивен економски ефект од приближно 12,8 милиони евра, – се вели во соопштението на клубот од Торино, кој претходно за заемот на Кулушевски доби 10 милиони евра.