Во првиот натпревар од 16. коло на италијанската Серија А, Џенова и Јувентус ремизираа 1:1.
Екипата на Џенова знае да биде незгодна кога игра на домашен терен, а тоа на своја кожа вечерва го почувствува и Јувентус кој остана без посакуваниот резултат на „Луиџи Ферарис“.
Поранешниот клуб на Горан Пандев е незгоден, тврд пред своите гледачи и знае да направи проблеми, па на ова место Рома доживеа дебакл од 4-1, Наполи се спасуваше од пораз (губеше со 2-0), додека пак вечерва Јувентус одигра само 1-1.
Избраниците на Алегри имаа предност со погодокот на Киеза од пенал во 28 минута, ама на стартот на вториот дел домаќините дојдоа до израмнување со голот на Гудмундсон (48 минута).
По ова немаше некои шанси се до самиот финиш кога Бремер беше блиску до погодок во 89 минута, но Мартинез интервенираше во последен момент.
Јувентус има 37 бода и останува на второто место, односно Интер кој има 38 поени може да ја зголеми предноста на прволигашката табела со славје над Лацио.