Јужна Кореја ќе ја зголеми помошта за Украина

 –  Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол вети денеска дека неговата земја ќе ја зголеми хуманитарната и воената помош за Украина, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

Сеул „ќе го зголеми износот на поддршката обезбедена минатата година, кога обезбедивме опрема како што се шлемови и панцири“, рече Јун, додавајќи дека хуманитарната помош ќе биде зголемена од 100 милиони долари во 2022 година на 150 милиони долари во 2023 година.

Јужна Кореја, деветтиот по големина извозник на оружје во светот, испрати хуманитарна помош во Украина, а исто така и продаде тенкови и хаубици на Полска .

Сепак, азиската земја има долготрајна политика да не доставува оружје за конфликтните региони, и покрај постојаните молби од САД, европските сојузници и самата Украина за поголема помош.

Јужна Кореја, која технички сè уште е во војна со Северна Кореја, произведува големи количини на вооружување компатибилно со НАТО, вклучувајќи тенкови, хаубици и муниција, како и многу барани гранати.