Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска првпат пристигна во Украина на разговори со украинскиот лидер Володимир Зеленски, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на канцеларијата на јужнокорејскиот претседател.
Јун Сук-јол пристигна во Украина откако присуствуваше на самитот на НАТО во Литванија и ја посети Полска оваа недела, каде што изрази солидарност со Украина и ги истражи начините за поддршка во борбата против руската инвазија.
Како сојузник на САД и сè поактивен извозник на оружје, Јужна Кореја повторно е под притисок да обезбеди оружје за Украина. Досега, јужнокорејската влада се спротивстави на овој притисок, фокусирајќи се на хуманитарна и финансиска помош, бидејќи се плаши од руското влијание врз Северна Кореја.