Јулија Навални, вдовицата на Алексеј Навални, се појави пред руската амбасада во Берлин за да гласа за време на последниот ден од претседателските избори во Русија.
Пред гласањето таа ги повика своите поддржувачи да излезат на гласање во исто време, денеска напладне и да гласаат за кој било друг кандидат, освен за актуелниот претседател Владимир Путин.
Јулија Навални, која и покрај прогонството вети дека ќе ја продолжи борбата на нејзиниот сопруг, застана во редот пред амбасадата и со насмевка се согласи да се фотографира со симпатизерите.
Неколку од нив дојдоа да и подадат рака и да ја охрабрат бидејќи демонстрација против Путин и неговата речиси сигурна победа на изборите се одржа недалеку од амбасадата.
Таа добро го познава Берлин, откако помина неколку недели во тој град за време на закрепнувањето на нејзиниот сопруг во 2020 година, кога тој беше жртва на тешко труење што му се припишува на Кремљ. Кога Навални се врати во Русија од Берлин во јануари 2021 година, тој веднаш беше уапсен.
Во Русија денеска е третиот и последен ден од гласањето на претседателските избори на кои се очекува победа на Путин, кој е на чело на државата практично 24 години.