Јусуф Нуркиќ повторно се огласи: Босанскиот кошаркар брутално му одговори на својот татко, па објави фотографија со мајка си со оваа порака (ФОТО)
Најдобриот кошаркар на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ проговори по крајно бурниот ден за неговото семејство.
Центарот кој девет години игра во НБА, не го покани својот татко Хариз Нуркиќ на свадбата која се одржа во Дубровник.
Хариз во интервју за „Аваз.ба“ зборуваше за лошиот однос со синот, а набрзо на истата тема проговори и кошаркарот.
Ден подоцна тој уште еднаш се огласи преку социјалните мрежи. Нуркиќ објави фотографија со мајка си, со срце, што е прилично јасна порака по претходното обраќање.
На описот на фотографијата напиша МАЈКА и емотикон срце.
Да потсетиме, кошаркарот го кажа следново.
„Мајка, брат, дедо. За насилниот биолошки татко, насилникот на мајка ми, чиј бубрег и’откажува поради неговото тепање. Човечкото суштество кое цел живот ме малтретираше мене и мајка ми беше отстрането од нашите животи поради многу сериозни и реални причини. Моето семејство се тие што се тука со мене“, напиша Јусуф Нуркиќ на социјалните мрежи.