,,Вагнеровци” сите во Белорусија! Украинците предупредуваат дека Пригожин подготвува операција за 5 август, еве ја целта (видео)

Украинскиот центар за национален отпор објави дека групата на Вагнер во Белорусија подготвува еден вид операција закажана за 5 август.

Како што се нагласува, на сите членови на Вагнер им е наредено да се вратат од годишниот одмор и да дојдат во Белорусија.

– Настанот од непознат карактер ќе го води шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, а е планиран за 5 август. Сакаме да потсетиме дека повеќето милитанти кои штотуку пристигнаа во Белорусија се терористи со искуство во криумчарење и транспортирање илегални мигранти. Се подготвуваат за „тресење“ на границата меѓу Полска и Литванија – се наведува во соопштението, пренесува полски Онет.

Напоменаа и дека платениците можат да бидат облечени во униформи на белоруските граничари и да им помагаат на бегалците во обидот да ја преминат државната граница.

Инаку, групата Вагнер го суспендираше регрутирањето на нови платеници до понатамошно известување. Оваа информација ја потврди и самиот Евгениј Пригожин, кој рече дека капацитетите на Вагнер во моментов се полни.

– Се додека не почувствуваме недостаток на војници, немаме планови за повторно вработување – рече Пригожин.