Јутубер го прашал Ѓоковиќ на доделувањето на Златната топка: „Кој си ти?“, одговорот на Ноле е генијален
Во бекстејџот на доделувањето на Златната топка во Париз е видена многу интересна сцена, а главната улога ја има Новак Ѓоковиќ.
Меѓу многуте гости беше и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој и ја подари Златната топка во женска конкуренција на Ајтана Бонмата.
Јутјуберот IShowSpeed наиде на Ѓоковиќ зад сцената и создаде сцена за паметење.
IShowSpeed или 18-годишниот Американец Дарен Воткинс му пришол на Ѓоковиќ и го прашал кој е тој.
„Како се викаш, ми изгледаш многу познато“, го праша IshowSpeed.
Ѓоковиќ го препозна Јутјуберот и се снајде на генијален начин.
“Јас сум новата ѕвезда на Милан“, рече освојувачот на 24 Грен слем титули и додаде:
„Се уште не сум играл за тимот, но ќе бидам на следниот натпревар. Сакам да постигнам хет-трик“, а тој одговор го воодушеви американскиот тинејџер.
Ѓоковиќ реагираше на таков начин бидејќи очигледно е запознаен со ликот и делото на IShowSpeed.
Младиот Американец, кој има 21 милион следбеници на Јутјуб, е познат по тоа што намерно кажува лоши имиња на фудбалерите додека ја игра популарната видео игра ФИФА, или сега ЕА ФЦ, а се преправа дека не знае кој е Ѓоковиќ беше само дел од неговиот настап.