Љубе Бошковски е прогласен за невин во случајот „Кампања“, залудно помина 5 години во затвор

Љубе Бошковски е ослободен од обвинението дека незаконски ја финансирал изборната кампања, јавува Журнал.

За случајот „Кампања“ тој веќе одлежа пет години затвор во Идризово, а сега судот потврди дека нема докази за неговото дело. Бошковски беше ослободен поради отсуство на сведокот на одбраната кој МВР го снимаше во судот, а не можеше да потврди дека Бошковски примил пари од лице во странство. По правосилноста на пресудата, Бошковски ќе биде избришан од доказите како осудено лице.

Бошковски беше обвинет дека примил пари за кампањата од странски државјанин кој во процесот бил сослушан како сведок под псевдонимот 31.

По повторениот процес тој повеќе не даде исказ, а судијката Илиевска Јосиповиќ рече дека судот се обидел да го повика на исказ но не можел да го најде.

Дури и Европскиот суд за човекови права во јуни 2020 година оцени дека на Бошковски му се прекршени правата на правично судење.

Од затвор излегол во 2016 година, додека бил уапсен на 6 јуни 2011 година, а за неговото апсење е отворен уште еден предмет наречен „Тортура“ каде обвинет е Сашо Мијалков.