ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК ЗА КОЈ БРУИ ПЛАНЕТАТА! Фудбалската ѕвезда НЕ ЗНАЕ ШТО МУ ПРАВИ ДЕВОЈКАТА! Убава манекенка уловена со друга спортистка
Вирално стана видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на него има врвен спортист покрај убава манекенка.
Тоа видео предизвика големо внимание и, иако беше брзо избришано, не исчезна целосно, бидејќи следбениците брзо реагираа.
Ландо Норис , возачот на Формула 1 и Меги Корсеиро, португалски модел, може да се видат на видеото , кое ги поттикна приказните за почетокот на нивната романса.
И немаше да има ништо спорно доколку Маги не беше вљубена во фудбалерот кој пред три години беше платен 127 милиони евра.
Тоа е Жоао Феликс , Португалецот кој за споменатата сума се пресели од Бенфика во Атлетико Мадрид, а сега игра како позајмен во Челзи.
Оваа фудбалска ѕвезда и Маги Корсеиро се заедно четири години, а според шпанска „ Марка “, пред видеото на Маги со возачот на Формула 1, немало индикации дека врската е прекината.
Видеото од манекенката и британскиот возач е снимено во Монако, а на него се гледа како уживаат во возење на стар Фиат.
Од друга страна, Норис, кој заработува дури 20 милиони евра по сезона, на крајот на 2022 година ја прекина врската со Луисина Оливера, друга португалска манекенка, па може да се претпостави дека е слободен и подготвен да се впушти во нова романса.
Изгледа и дека има јасен тип и дека му е важно девојката да е модел и да доаѓа од Португалија.
Ниту Меги ниту Ландо се уште не го коментирале видеото кое се појави на социјалните мрежи, ниту објасниле што се крие зад сето тоа.