Актерката која ја нарекуваат новата Софија Лорен блесна во предизвикувачки фустан во Кан

Мадалина Генеа, романската актерка и модел која многумина ја сметаат за најубавата жена на светот и ја нарекуваат новата Софија Лорен, блесна на црвениот тепих во Кан.

35-годишната актерка на филмскиот фестивал се појави во свечен кафен фустан со длабок шлиц кој ги истакна нејзините долги нозе.

Фустанот имаше едно отворено рамо и беше врзан околу вратот, а аутфитот го комплетираше со златни обетки и сандали на високи потпетици.

Првата значајна улога на Маделина беше во филмот „Куќата на Гучи“ каде ја играше Софија Лорен, а поради нејзиниот изглед многумина ја споредуваат со познатата италијанска актерка.

Наскоро ќе излезе филмот „Длабок страв“ во кој главната улога ја има убава Романка.

Маделина накратко беше во врска со Леонардо ди Каприо и Џерард Батлер.