Љубовничката на Владимир Путин се почесто се појавува во јавноста! Забележана во Сибир под силно обезбедување: “Се шпекулира за нова нејзина улога во Кремљ…“
Алина Кабаева (39 г.), поранешна гимнастичарка и љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, се појави на гимнастичкиот куп „Евгенија“ во Омск, Сибир, кој бил организиран за деца од украинските територии окупирани од Русија.
Поранешната освојувачка на златен олимписки медал, која ретко се гледа во јавноста, позирала со млади спортисти и други членови на жирито.
Алина Кабаева наводно долго се криела во Швајцарија, каде што во 2015 година, се шпекулира, родила едно од децата на Владимир Путин. Но, нејзините патувања на Запад сега се драстично ограничени поради санкциите наметнати на Русија.
Daily Mail пишува дека Алина Кабаева летала за Омск под силно обезбедување, но се уште не е познато колку долго ќе остане во Сибир.
Веќе некое време се шпекулира дека Алина Кабаева цели кон голема политичка улога во режимот на Владимир Путин. Според една теорија, таа сака да ја наследи претседателката на државниот сенат на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко (74 г.), највисокиот функционер во опкружувањето на Владимир Путин, за која многумина веруваат дека е подготвена да се пензионира.
„Ваквиот непотистички потег на крајот може да значи дека Алина Кабаева сака да го наследи Владимир Путин како претседател“, пишува Daily Mail.
Поранешната гимнастичарка моментално е шеф на медицински конгломерат во сопственост на олигарх лојален на Владимир Путин.
Се верува дека рускиот претседател и Алина Кабаева се во врска од 2008 година, а Владимир Путин тогаш сè уште бил во брак со поранешната руска прва дама Људмила.