Понекогаш е потребно многу време за конечно да разбереме што навистина сакаме од љубовта, кои форми на однесување се прифатливи во врската и на што треба веднаш да реагираме.
Еве кои љубовни и животни лекции ги учат жените со годините.
Не кажувајте „да“ ако навистина сакате да кажете „не“
Во љубовните врски често ја правиме истата грешка – се преправаме. Запомнете дека компромисот не е решение ако ве прави несреќни. Не се согласувајте со работи кои ве прават длабоко несреќни, не се преправајте дека сте среќни ако не сте, и не кажувајте да на предлозите на кои инстинктивно сакате да кажете не. Во секој момент од врската бидете автентични и сами бидејќи само така ќе успеете да постигнете вистинска љубовна среќа со партнер кој ќе ја види вашата вистинска личност, а не онаа создадена специјално за него, пренесува Sensa.
Кога конечно ќе кажете „не“ на она што ве прави несреќни, вашите вистински желби и потреби излегуваат на површина.
Вашата љубов не може да промени маж
Додека тој самиот не стане свесен за потребата од промена, нема таква љубов (колку и да е силна) што ќе го натера да се промени. Промените можеби се условени од надворешни фактори, но тие всушност доаѓаат одвнатре.
Љубомората и посесивноста не се знаци дека ве сака
Многу жени ја доживуваат љубомората и посесивноста како потврда дека мажот навистина се грижи за нив. Малку љубомора е сосема нормално во врската. Меѓутоа, кога мажот постојано ве контролира, сака да го знае секој ваш чекор и потег, ве спречува да комуницирате со другите – ова е знак дека неговата љубомора не е безопасна.