ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ И ПУКАЛ ВО ГЛАВА НА ВАЊА! Палчо организирал се, старецот Панче Жежовски убиен бидејќи им должел 500 евра !?

Убиството на Панче Жежовски (74 г.) било извршено поради должничко доверителски однос со осомничените односно според информациите од прес-конференцијата на Министерството за внатрешни работи и Основното Јавно Обвинителство, тој им должел 500 евра!

Панче веројатно е земен како жртва за да се земе колата за да се изврши грабнувањето на Вања и да се заврши целокупниот криминален потфат“, посочи обвинителот Гаврил Бубевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конфернеција.

Тој тврди дека избеганиот осомничен е тој што ја ладнокрвно убил Вања Ѓорчевска. Според иформациите, станува збор за Љупчо Палевски – Палчо кој со автомобил заедно со неговиот адвокат пребегнал прво во Белград, Србија, а потоа од таму се упатил кон Бугарија.

Организираноста на групата ќе се испитува дополнително, сега за сега дејствијата се соизвршителски, едно дејство без друго не може. Мајката нема никаква улога во дејствија кои се од проблематична природа“, посочи Гаврил Бубевски.

Заедно ги вршат но се како соизвршители, заеднички извршители на едно дело“, појасни Гаврил Бубевски.