ХРВАТСКАТА скијачка Зринка Љутиќ води по првото возење на слаломот од Светскиот куп во Семеринг, Австрија, според неофицијалните резултати. Љутиќ го искористи стартниот број 2 и фактот што патеката ја постави нејзиниот тренер и татко Амир Љутиќ, а најдоброто време го постигна со брилијантно возење, што и дава голема шанса за прва победа во кариерата.
Зад Љутиќ, на второто место е Германката Лена Дуер со заостанување од 51 стотинка и водечката светска спортистка во слалом, Швајцарката Камил Раст, која заостанува 98 стотинки. Љутиќ (20) дебитираше во Светскиот куп пред точно четири години во Семеринг, а оттогаш собра четири подиуми во слалом, додека неодамна го освои првиот велеслалом. Второто возење е во 13:25 часот.
“Мислам дека тато е среќен. Беше малку нервозен бидејќи му беше прв пат како сетер на патеката. Навистина сакав да ја нападнам патеката, тоа беше неопходно на патеката. Се радувам на вториот круг, убаво е да бидеме во водство денес“, рече Љутиќ за австриската телевизија.