Ќерката на Мајкл Џексон знае како да привлече внимание: Ги открива градите во целосно проѕирен фустан
Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон и Деби Роу, привлече внимание на модната недела во Париз благодарение на атрактивната облека. Имено, таа носеше целосно проѕирен фустан.
Таа се одлучи за малку завиткана фризура и шминка во природни нијанси. Аутфитот го комплетираше со чанта и отворени потпетици. Таа присуствуваше на есенско-зимското шоу на Стела Макартни.
На овој моден настан беа и многу други познати личности, меѓу кои Кејт Мос, Барбара Палвин, Ајс Спајс, Ана Винтур…
Ќерката на легендарниот музичар во јануари прослави пет години откако престана да користи дрога и алкохол.
“Сфатив дека животот продолжува без разлика дали сум трезна или не, но сега активно учествувам во него. Еве неколку снимки од тоа што беше возможно бидејќи бев трезна. Боже, не ми се верува дека за малку ќе го пропуштив сето ова”, рекла таа меѓу другото.
Таа откри и дека моментално напорно работи на нов албум, кој особено ги израдувал нејзините фанови.