Фудбалерот Немања Гудељ и неговата партнерка Анастасија Ражнатовиќ летните денови ги поминуваат на Ибица. Секој ден го поминуваат на еден од најубавите шпански острови, а синоќа младиот пар излегол на вечера, а потоа повторно на забава.
Анастасија сподели фотографија со својот партнер на Инстаграм и покажа како се облечени за таа пригода. Двајцата блеснаа во Гучи.
Пејачката облече долг, црн фустан од познат италијански бренд, кој чини 5.428 евра, а Немања за оваа пригода одбрал елек од Гучи, за кој потрошил 2.500 евра.
Под него носеше обична бела маичка и бели панталони, па беше во тотален контраст со партнерката.
Оваа фотографија ја сподели и Гудељ на својот профил, со емотикон бубамара – прекар кој тој и’ го дал на Анастасија.