Доколку сакате да јадете освежителна и вкусна торта, овој рецепт е вистинскиот избор за вас!
Јогуртот дава дополнителен вкус на секоја торта и мекост, а тестото ќе биде воздушесто.
Состојќи:
- 1 чаша обичен грчки јогурт
- 3 цели јајца
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши просеано брашно
- 1 чаша растително масло
- 2 лажички прашок за пециво
- 1 лажичка екстракт од ванила
- рендана кора од 1 лимон
- прстофат сол
- шеќер во прав за посипување
Подготовка:
- Во сад сипете го јогуртот, а потоа додадете ги јајцата, шеќерот, екстрактот од ванила и ренданата кора од лимон и сè убаво изматете со миксер или жица за матење.
- Потоа додадете брашно, прашок за пециво, малку сол и масло и убаво измешајте.
- Калапот намачкајте го со масло и посипете го со брашно или обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата во него.
- Печете во рерна загреана на 180°C 20-45 минути или додека чепкалка вметната во средината на колачот не излезе чиста.
- Кога ќе се излади, рамномерно посипете го со шеќер во прав низ цедалка.