,,Ќе го убијам него а потоа ќе се самоубијам” – Небојша отишол кај брат му и му го најавил злочинот (фото)

Небојша Ц. (62) пукал во својот син Огњен Ц. (29), а потоа се самоубил во изнајмен стан во Калуѓерица околу 13.20 часот, ова се првите резултати од истрагата по страшната трагедија во оваа белградска населба.

Како што пишуваат српските медиуми, во станот биле пронајдени и проштални писма.

– Според првичните информации, постои сомнеж дека таткото денеска околу пладне го убил синот, а потоа се самоубил. Покрај телото на таткото, пронајден е и пиштол – вели извор од истрагата.

Истрагата на лице место ја вршат полициски инспектори и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Според неофицијални информации, татко и син се доселиле од Косово и Метохија.

– Наводно, полиција повикал братот на Небојша, бидејќи Небојша претходно му кажал дека планира да го убие синот , а потоа и себеси. Му се јавил и му рекол „сега ќе го убијам, а потоа ќе се убијам“. Братот веднаш повикал полиција и истрчал кон нивната куќа, но кога пристигнал било предоцна. Тие веќе биле мртви.