Поранешниот тенисер број два во светот Алекс Кореча не смета дека има нешто загрижувачки за формата на Карлос Алкараз.
Неговиот сонародник најпрвин доживеа неочекуван пораз во Пекинг од Јаник Синер, а потоа и во Шангај во дуелот со Григор Димитров.
Сепак, аналитичарот на „Јуроспорт“ истакнува дека Алкарас зад себе има уште една фантастична сезона, дури и да не ја заврши годината на врвот на АТП листата.
“Турнејата на Алкараз во Азија не е грижа. Не и придавам значење. Секој турнир, секоја недела, секој натпревар е ново искуство за него. Сезоната на Алкараз е спектакуларна. Тешко дека може да биде подобра. Ќе дојде време кога ќе треба да избира турнири како Ѓоковиќ“, изјави Кореча .
Тој исто така додава дека времињата се промениле во однос на ерата на „големата тројка“.
„Навикнати сме на времињата кога Надал, Ѓоковиќ и Федерер стигнаа до турнирите на Мастерс 1000 и ги освојуваа како ништо, но понормално е Алкараз да стигне до полуфиналето против Синер, а потоа да биде изненаден од Димитров. игра на 100 проценти во текот на 80 натпревари е невозможно “, заклучи Кореча.
Пред Алкараз е турнирот во Базел, кој ќе се обиде да го освои и со тоа да се врати во трката со Ѓоковиќ за првото место на АТП листата на крајот од годината. Турнирот во швајцарскиот град е закажан од 21 до 29 октомври.
До крајот на годината ќе го нема Новак кој ќе игра во Париз, завршниот турнир во Торино и фајнал 8 на Дејвис купот во Малага.