Ќе изгледате попривлечно за другите ако имате една особина! Ова ќе ве изненади

Новото истражување докажа дека физичката привлечност на една личност е поврзана со една особина.

Можеби прво ќе помислите на смисла за хумор или интелигенција, но истражувачите од Универзитетот во Тел Авив велат дека сè се сведува на добрина.

– Љубезноста, поради нејзината клучна улога во меѓучовечките односи, уникатно влијае на рејтингот на физичката привлечност – изјавија истражувачите презентирајќи ги резултатите од нивното истражување.

Фактори кои влијаат на оценувањето на убавината

Претходните истражувања открија голем број фактори кои влијаат на физичката убавина, вклучувајќи ја и симетријата на лицето, флертувањето и самодовербата. Сепак, до сега, влијанието на љубезноста врз физичката привлечност беше во голема мера неистражено.

 – Во општество кое го цени изгледот, важно е да се разберат факторите кои влијаат на проценката на убавината – напишаа истражувачите, предводени од д-р Наталија Кононов.

Во студијата, тие испитуваа како просоцијалноста – дефинирана како дејствија што им користат на другите, како што се соработката и љубезноста – влијае на проценките за убавина.

Во текот на истражувањето тие спровеле серија експерименти на вкупно 4.192 учесници. На учесниците им беа покажани фотографии од насмеани мажи или жени со опис на нивните карактеристики. Описите вклучуваа различни карактеристики, како што се волонтирање во народна кујна (сугерирајќи дека личноста е љубезна), смисла за хумор и интелигенција.

 

Љубезните луѓе се попривлечни за другите

Откако учесниците ги видоа фотографиите и описите, оценија колку се привлечни луѓето на сликите. Резултатите покажале дека за време на сите десет експерименти, луѓето кои биле прикажани како просоцијални биле оценети како физички попривлечни.

Интересно е што љубезноста имала поголемо влијание врз проценките за убавина отколку хуморот или интелигенцијата.

 – Иако другите особини имаат свои предности, ова истражување покажува дека просоцијалноста значително влијае на проценката на убавината повеќе од другите позитивни особини, како хуморот или интелигенцијата – објаснуваат истражувачите.

Пошироко, тие се надеваат дека резултатите ќе ја истакнат уникатната и централна улога на љубезноста во обликувањето на физичкиот изглед.

– На индивидуално ниво, љубезните и корисни дејства би можеле да доведат до поповолни оценки за вашиот изглед – заклучија истражувачите, пренесува Дејли Меил.