“ЌЕ ИМА ПОСЛЕДИЦИ!“ – Косово го ‘уништи’ доброто пријателство со САД! Кристофер Хил јасно порача: “Ние сме апсолутно против потезите на Приштина“

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Србија, Кристофер Хил, денес во Белград кажа дека САД се „апсолутно против“ потезите на владата на косовскиот премиер Албин Курти.

Кристофер Хил потсети на зборовите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Приштина ќе ги сноси последиците за потезите што се спротивни на советите на САД

Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Албин Курти. Секретарот Ентони Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина“, изјавил Кристофер Хил во Белград.

Тој исто така кажал дека САД ги осудуваат нападите на граѓаните врз војниците на КФОР и НАТО на северот на Косово и нагласи дека таквите акции мора веднаш да престанат.

Тој додаде дека е „исклучително важно“ двете страни да разберат дека единствениот пат напред е преку бриселскиот дијалог и со создавањето на Заедницата на српските општини, изразувајќи надеж дека Србија ќе остане фокусирана на продолжување на европскиот пат.