На вчерашната владина седница е формирано телото под Министерството за образование и култура, кое ќе ја анализира работата на сите државни и приватни универзитети и нивните факултети, јавува Телеграф Македонија.
Како што соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, доколку се утврдат недостатоци, ќе им биде даден „разумен рок“ да ги отстранат, но доколку не го сторат тоа ќе им биде затворена, или ќе им биде одземена лиценцата за работа.
„Ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат ќе мора да бидат затворени. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја загубат лиценцата, акредитацијата“, рече денеска Мицкоски, нагласувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување ред во институциите.
Како што рече, се срами што колегите во странство се пожалија на проблемите што ги имаат со дипломите добиени „преку ноќ“ кај нас и за ова, рече, не може да дозволи ова да се повтори.