Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ, која сега е во третиот месец од бременоста, љубовта ќе ја крунисаат со брак во странство.
Наводно нема да прават некоја голема традиционална венчавка со многу гости, туку ќе се венчаат далеку од Србија и тоа само во присуство на кумовите.
– Огнен и Мина не сакаат ни да им ја откријат на најблиските пријатели дестинацијата каде ќе го кажат судбоносното „да“. Единствено им е важно свадбата во таа земја да важи и во Србија. Сè уште не го знаат ни точниот датум, но сигурно е дека ќе биде пред да станат родители. Моментално се занимаваат со документацијата, за да не дојдат во ситуација бракот да не важи во Србија, па мора да проверат cè, што за нив би било дополнителна работа. Дури кога ќе го решат сето тоа, ќе закажат точен датум – вели изворот, додавајќи дека Мина се чувствува одлично како трудница.
-Мина ужива во бременоста, засега сŕ оди добро и едвај чека да се исполни во најубавата улога. И двајцата се пресреќни од вестта дека ќе добијат бебе. Убавата водителка целосно се посвети на подготовките за тој голем ден. Поради прекрасната вест која ја дознаа пред еден месец, таа одлучи оваа сезона да не биде дел од шоуто „Ами џи шоу“. Таа веднаш реши да направи пауза иако ја сака својата работа како водителка. Бременоста и’ е на прво место, сака што повеќе да ужива во неа и да се посвети на деновите кои ја очекуваат.
Огнен ја почитува нејзината одлука, се согласи со неа бидејќи ја поддржува во сè од првиот ден – вели изворот.