Едно интересно истражување покажало дека жените се особено расположени за секс во одредени денови од неделата.
Половите хормони кои се ослободуваат за време на менструалниот циклус, како што се естрадиолот и прогестеронот, влијаат на желбата за секс.
Истражувачите од Универзитетот во Катанија спроведоа студија во која учествуваа 1.180 жени .
Учесниците во истражувањето воделе дневник за сексуални активности, вклучувајќи предигра, мастурбација, секс, употреба на секс играчки итн.
Резултатите од истражувањето покажале дека слободните жени биле особено сексуално активни од понеделник до четврток, додека жените во врска биле поактивни во петок и сабота.
Кога станува збор за сексот за време на менструалниот циклус, слободните жени биле поактивни во почетната фаза, кога естрадиолот ги контролира јајниците, додека жените во врска биле активни во почетната и последната фаза, кога нивото на прогестерон е највисоко.
Интересно е тоа што истражувачите веруваат дека жените во врска имаат поголема веројатност да имаат секс во последната фаза од нивниот циклус во обид да избегнат бременост, иако за тоа нема научна основа, пренесува Prevention.