„Ќе ти пукам во глава“ Се огласи другарот на тинејџерот кој беше убиен од немилосрден полицаец во Париз: Откри морничави детали (фото/видео)

Младиот човек кој бил во возилото со Нахел М.(17) откри што навистина се случило кобното утро кога полицаецот го убил тинејџерот при еутинска контрола во западниот дел на Париз.

Тинејџерот објави видео во кое вели дека „има многу лаги“ на социјалните мрежи и дека „ќе ја раскаже приказната од А до Ш“.

Другарот, кој бил со Нахел во автомобил со полски таблички, изјавил дека позајмиле возило и отишле да се возат низ Нантер, но не биле под дејство на алкохол или дрога. Тој тврди дека биле на автобуската лента кога забележале полиција на мотори и на крајот застанале.

Тој рече дека еден полицаец дошол до прозорецот и му се заканувал на Нахел.

– Излези од колата или ќе те застрелам – рекол полицаецот.

Младиот човек тврди дека полицаецот го удрил Нахел со рачката од пиштолот пред да пристигне друг кој потоа го направил истото. Тогаш првиот офицер му ставил пиштол на главата на Нахел и му рекол да не се движи или ќе му пука во главата.

Тој тврди дека вториот полицаец потоа му рекол да пука во него и дека првиот офицер повторно го удрил со кундакот од пиштолот. Ова го принуди Нахел да ја ослободи сопирачката.

Друг полицаец потоа испукал истрел предупредувајќи го Нахел да ја тргне ногата од гасот.

– Го видов како се мачи. Тој трепереше. Јас бев исплашен. Излегов од возилото и побегнав. Мислев дека може да ме застрелаат, па избегав – рекол младиот човек.

Нахел М, кој беше убиен од полицаец за време на рутинска сообраќајна контрола во вторникот, беше погребан во саботата на гробиштата Мон Валериен во Нантер во присуство на неговата мајка, баба и неколку стотици луѓе кои дојдоа да се простат од него.

Стотици гневни граѓани, да потсетиме, протестираат секоја вечер поради убиството на тинејџер од алжирско и мароканско потекло, за кое беше обвинет полицаец.

Четврта ноќ по ред протестите ескалираа, а сликите од запалени автомобили, со камења и огномет врз полициски станици, како и со искршени и ограбени излози го обиколија светот.

Само за време на синоќешниот протест низ целата земја беа распоредени 45.000 полицајци. Уапсени се повеќе од 1.300 луѓе.