Ѝ дала на тетка ѝ 12.000 евра да ги погреба сите: Полицајка од Косово го убила своето семејството – двајцата браќа и родителите, никој не знае зошто (ФОТО)

Полицајката Ваљдете Блац убила четири члена од своето семејство, а потоа се самоубила во невидена трагедија што се случила пред 3 години во Гњилане. Деталите во тој настан шокираа многумина.

Таа со по два истрела ги застрелала браќата Блерим (33) и Фисник (34), а потоа и нејзините родители, мајката Ханифе (66) и таткото Зеќир (70), а потоа била сама со нивните тела во куќата неколку часа.

Како течело злосторството?

Во своето дивеење, Валдете употребила службен пиштол, а во периодот меѓу убиството на семејството и самоубиството, таа ја спречила тетка си и нејзиниот син да влезат во куќата и да ги најдат телата.

Кога нејзината тетка тропнала на вратата, Валдете плашејќи се да не ги види телата на роднините, ја избркала велејќи дека членовите на семејството се зафатени и дека таа се брза и мора да оди. Ја затворила вратата а тетката и нејзиниот син почнале да се оддалечуваат од куќата по што потоа се слушнале истрел.

Тоа беше моментот кога Валдете му пресуди на своето семејство.

Тетка ѝ штом слушнала веднаш повикала полиција која затекнала страшна глетка.

Кој бил мотивот?

Во медиумите се шпекулираше дека полицајката има психички проблеми, и поради тоа требало да биде префрлена на ново работно место.

Таа не излегувала на терен, туку се занимавала со административни задачи.

Ова решение е потврдено на 16.10.2019 година поради „здравствени причини“, а во таа прилика е ѝ одземено службеното оружје.

Полицијата истакна дека Валдета во периодот од 2016 до 2019 година остварила 14 средби со психолог, а надлежните ја испратиле на клиника каде била дијагностицирана и ѝ била препишана терапија.

Последното лекување го имала на 03.10.2019 година и тогаш ѝ било препорачано да ги предаде пиштолот и униформата поради психички проблеми а примила и соодветна терапија, тврдат од полицијата.

Според полицијата, оружјето на Валдета било земено и било складирано во станицата каде што работела. Иако властите велат дека сè уште истражуваат како исчезнало оружјето, косовските медиуми шпекулираат дека таа најверојатно го украла од полициска станица.

На татка ѝ, ѝ дала 12.000 евра за погреб!

Порталот „Репортерс“ тогаш изјави дека полицајката долго време го планирала делото и дека претходниот ден ја прашала тетка ѝ колку чини еден погреб и ѝ дала 12.000 евра, без да ѝ каже зошто. Се испоставило дека парите биле наменети за погреб на целото семејство.

Според блиските на семејството, ова семејство изгледало хармонично, но очигледно тие криеле некои од своите проблеми.

-Впрочем, Валдете и нејзините браќа се уште немаа формирано семејство, што може да биде една од причините за несогласувања и расправии со нивните родители – изјави роднина на семејството.